Чудесна билка кој лекува болки во желудник, гастритис и „женски болки“
Една од најлековитите билки на нашето поднебје е токму ајдучката трева. Во народот има бројни имиња, а благотворно влијае на женските болки...
Оваа билка си го најде местото во редот на највредни лековити билки, а во зимските месеци е актуелна бидејќи помага кај сузбивање на настинки. Нејзиното второ својство, кое го искусиле многу жени, без разлика на редовните лекарски контроли на конвенционалната медицина-ајдучката трева е одличен сојузник во борбата против речиси сите женски заболувања. Има долга историја на користење во домашната медицина, посебно за повреди, исекотини и гребнатини. Народот ја користел и како лек за настинка. Примарната предност на чај од ајдучка трева лежи во неговата способност да ја „избрка“ и спречи настинката целосно да се развие, а во тоа својство се развивала со векови.
Нејзиното латинско име “Achillea millefolium” се поврзува за грчкиот јунак Ахил, кој во тројанската војна ја користел за залечување на рани. Го добила името на Ахил и поради неговата исклучителна сила, бидејќи и самата повеќенаменски силно дејствува. Во народната медицина ајдучката трева има исклучително значајна улога во лекување на женските болки како што се нередовни циклуси, непредвидливи тешкотии кои ја следат менопаузата, но и воспаление на јајниците, миоми, и други болести на матката, вклучувајќи и најтешки заболувања. Оваа билка содржи својства кои поволно дејствуваат на желудната гастрична слузница, па чајот се препорачува за подобар апетит, за ублажување и лекување на гастритис, колитис и грчеви во желудникот и цревата. Калиумот со кој оваа билка изобилува ја поттикнува работата на бубрезите, го смирува срцето и ги ублажува симптомите на ПМС. Ајдучката трева влијае благотворно и кај различни крварења - во желудникот, цревата, крварење на нос, од хемороиди, искашлување на крв, а многу е ефикасна и кај ангина пектори (градни болки), реума и ревматски болки, болест на слезината, црниот дроб, панкреас и жолтица. Чајот ефикасно делува и лекува испукани раце, ранливи брадавици на мајка која дои, како и кожни осипи.
Подготовки од ајдучка трева
Чај - Лажица ајдучка трева прелејте со чаша врела вода, оставете го да отстои околу 10 минути, а потоа прецедете. Немојте да пиете повеќе од две чаши дневно.
Испукани раце - Две лажици лист и цвет од ајдучка трева гответе три минути во 3 dl вода. Со топол чај измијте ги испуканите раце и чувствителние брадавици кои често ги мачат дојките.
Тинктура за дигестивниот систем - Наполнете шише сецкани листови и цветови на ајдучка трева, па прелијте ги со ракија. Оставете да стои три недели на сонце или топло место, па прецедете. Пијте наутро и навечер по една лажица и вашите проблеми со варењето ќе исчезнат.