ЧУДО ОД ДЕТЕ: Има само 8 години, а студира три факултети!
Со неполни осум години, Лоран Симон стана студент на три престижни универзитети во Холандија, Белгија и Германија и ја доби титулата најпаметно момче во Европа.
Наизглед е типично осумгодишно момче, има висок коефициент на интелигенција, дури 145, а пред да ја добие титулата „најмлад студент во историјата“, основното училиште го завршил за само 2 години.
Симон,во основно училиште се запишал на само 4 години, како што наведува Б92.
Пред да започне со студирање, Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за белгиската радио станица RTBF изјави дека омилен предмет му е математика. Исто така, истакна дека размислува да стане хирург или астронаут, но го превлегува и ИТ технологијата.
Неговиот татко, изјавил дека додека Симон бил мал имал проблем да си игра со останатите деца, како и дека никогаш не го интересирале играчки, пренесува Би-Би-Си.