ЧУДО ОД ДЕТЕ: На 15 месеци учествувала на меѓународно уметничко натпреварување за деца!
Вера Јованчевиќ на прв поглед е обично девојче кое обожава да си игра со кукли, да помага на мама во кујна, да се дружи... Но, она што Вера ја издвојува од нејзините другарчиња е нејзината љубов кон уметноста и талентот кој и е многу рано откриен.
Иако има само 4 години, малата Вера веќе подолго време црта, работи на стакло, картон, прави колажи од крзна, но нејзината специјалност е масло на платно.
Во уметничникот занес знае да помине неколку часа, црта со раце и нозе, никогаш не се враќа на сликите кои ги црта и кога смета дека завршила секогаш вели „Готово!“.
„Која прв пат црташе на големо платно, боите просто експлодираа. Седна на подот, ги соблече чорапите и почна со прстите и четкичката да ги мачка стапалата. Се сврте и рече: „Мамо, јас морам!“ – раскажува Лилјана Јованчевиќ, мајката на Вера.
Љубовта кон сликањето ја откривме на 15 месеци.
„Вера беше многу мала кога од градинка ни пристигна освртот на нашето дете. Покрај нејзините слики, ни испратија и диплома „Look and the learn international competition“ за деца од 0 до 7 години. Не известија дека се многу горди, зошто сликите на Вера влегле во конкуренција за награда“ – продолжува Лилјана.
Па така одлучила на Вера да и поглони големо платно и бои. Нејзиниот талент тогаш уште повеќе се истакнал.
„Додека ја следев како слика, сфатив дека пред себе имам личност која знае што прави. Сама ги бира боите, кога бара да слика нема запирање. Таа сега има свое студио, свои четкички, односно вече има го има својот пат“ – завршува мајката на Вера.
Покрај цртањето, Вера обожава музеи, ја интересираат и скулптури, сака да оди на изложби и да ужива во својот уметнички свет.