Чудо од дете: На 9 години ќе дипломира, а следната година ќе запишува докторат

Чудо од дете: На 9 години ќе дипломира, а следната година ќе запишува докторат

Лаурен Симонс, 9 - годишното момче од Белгија, во декември ќе дипломира на Технолошкиот универзитет Eindhoven, на студиите кои ги запиша минатата година. Неговите професори за него велат дека едноставно е извонреден.

Откако ќе дипломира, момчето планира да запише докторат за електротехника додека истувремено ќе студира медиција, изјави неговиот татко за CNN.

Баба му и дедо му први забележале дека момчето е талентирано. Родителите мислеле дека тие претеруваат, меѓутоа набрзо за ова се сложиле и наставниците.

„Ни кажаа дека апсорбира како сунѓер“ - истакнува таткото на детето, Александер Симонс.

Лаурент доаѓа од лекарско семејство, но и понатаму не знае зошто е толку надарен. Технолошкиот универзитет дозволил да ги заврши своите студии побрзо од останатите студенти.

„Тоа не е нешто невообичаено“ - изјавил Сјоерд Хулсхоф од Универзитетот кој напоменува дека студентите кои имаат добри резултати може да договорат прилагоден распоред на предавања.

Многу универзитети од целиот свет се заинтересирани за ова момче, меѓутоа неговите родители внимаваат да ја има потребната рамнотежа помеѓу својот талент и возраста. Лаурент ужива да си игра со кучето и мобилниот, но за разлика од бројните врсници тој знае со што сака да се занимава кога ќе порасне: развојот на вештачките органи.

Можеби ќе ве интересира: