Црногорец се запиша на факултет на 88 години: Го мотивирала внуката (ВИДЕО)

Црногорец се запиша на факултет на 88 години: Го мотивирала внуката (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // School zone

фото: принтскрин

Дека никогаш не е доцна, покажува Црногорецот Бранислав Радуловиќ кој на 88 години се запиша на факултет. 
Тој се запиша на Машинскиот факултет на студиската програма Патен сообраќај.

По 34 години откако е во пензија одлучил повторно да седне на студентските клупи.

„Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање. Дека во нас има потенцијал кој може да се искористи“, рекол Бранислав за РТЦГ.

Тој додал дека младите му даваат сила и волја да истрае што подолго во напорите да ги заврши студиите.

„Така ги собирам моите и нивните години и ги делам и јас сум млад како нив. Не можам да се пофалам со некои добри резултати на факултет. Ниту сум меѓу најлошите, ниту меѓу најдобрите, златна средина“, изјавил Радуловиќ.

Тој додал дека го мотивирала неговата внука, која неодамна докторирала право во Белград. Тој е на 15 километри од Подгорица и секој ден вози во двата правци. 

Татко е на четири деца, еден син и три ќерки, а дедо на седум внуци и една внука.


Инаку, неодамна неодамна почина најстарата ученичка во светот.  Станува збор за Присила Ситиени од Кенија која на 94 години реши да се школува, а почина како најстарата ученичка на светот со 99 години. 

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: