Црта по тело и фармерки: Ѕирнете во несекојдневната уметност на девојката од Јордан
Колку често како деца се цртавте по своите раце?
Талентираната уметничка од Јордан шарањето по одредени делови од телото го претвори во еден вид на уметност, подигнувајќи го на едно поинакво ниво. Нејзините цртежи не личат на детски скици, туку на ремек - дела.
Нејзиното име е Ранда Хададин и нејзиното потекло има руски и јордански корени. На својот Инстаграм профил ги објавува своите обработки кои ги црта на своите, но и на рацете, колковите, зглобовите, фармерките и другите предмети на други луѓе.
По професија е архитект, а моментално живее во Дубаи.
Во продолжение ѕирнете во нејзиното несекојдневно творештво: