Цртаните „Том и Џери“ имаа 13 номинации: Листа на епизодите кои добија Оскар
Веста дека Џин Дич, добитникот на Оскар за анимација, продуцент и илустратор на едни од најомилените цртани филмови, како Том и Џери и Попај, почина го заобиколи светот.
Поради тоа што многу генерации израснаа со овие цртани филмови кои ги потпишува Дич, многумина беа растажени од оваа вест.
Цртаните „Том и Џери“ имаат освоите најмногу награди од Академијата од било која друга анимирана серија. Имаат освоено 7 Оскари, а номинирани се за вкупно 13. Првата номинација ја доби во 1943 година.
Првата епизода од овој цртан серијал е прикажана во 1940 година, а пред вас е листата на епизодите кои имаат освоено Оскар:
# The Yankee Doodle Mouse (1943)
# Mouse Trouble (1944)
# Quiet Please! (1945)
# The Cat Concerto (1947)
# The Little Orphan (1949)
# The Two Mouseketeers (1952)
# Johann Mouse (1953)
Која од овие епизоди е вашата омилена?