Д-р Горан открива: Чоколадото нè прави среќни - вистина или мит?
Трема пред испит- чоколадо, возбуда поради важен настан - чоколадо, стресен ден - чоколадо... но, дали навистина чоколадото ни помага во сите овие ситуации, и има ли вистина во тоа дека чоколадото нè прави среќни, или досега сме живееле во заблуда?!
Популарниот д-р Горан конечно ни открива што е вистината.
- Вистина е - вели тој, кога јадеме нешто благо, панкреасот лачи инсулин кој помага да аминокиселината триптофан стигне до мозокот каде се обработува до серотонин - кој пак е хормон на среќа.
Но, што друго помага да се лачи хормон на среќа?
- Спортот - затоа ваш е изборот како ќе стигнете до хормон на среќа - спорт или чоколадо!? - истакнува д-р Горан.
Па, што бирате вие - чоколадо или спорт?