Да не беше пејачка, Џејла Рамовиќ ќе се занимаваше со ова: Нема шанси да погодите

Да не беше пејачка, Џејла Рамовиќ  ќе се занимаваше со ова: Нема шанси да погодите

Објавена во: Stars // Музика

Ова занимање е нејзината втора љубов

Поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, младата музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ, призна дека отсекогаш тежнеела да стане пејачка, но дека попатно открила и други интереси.

Како што вели, да не била пејачка, веројатно ќе била модел.

- Можно е тоа да биде манекенство, најмногу некои сликања, камери, тоа ми се допаѓа. Никогаш не размислував за тоа така, секогаш беше музиката, микрофонот и сцената, но со текот на времето сфатив дека сакам сѐ што е тесно поврзано со тоа - откри Џејла, која веќе стана амбасадорка на одредени модни брендови.


Со оглед на убавината со која плени, на изјавата дека би била идеална како модел, Џејла одговорила со насмевка.

- Точно, но не знам. За мене фокусот е на музиката, без разлика колку ги сакам камерите и позирањето. Секогаш се одлучувам за настапи и музика, тоа е мојата најголема љубов. Навистина уживам во мојата работа и богатство е кога го работиш она што најмногу го сакаш на светот - изјави Џејла Рамовиќ, пренесува „Гранд“.

Извор: espreso.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: