Да си здрава, среќна, насмеана уште 105 години: Тета Тијана и честиташе роденден на Хана!
Малата Хана, ќерката на пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар, денес полни три години. Целото внимание во семејството е насочено кон неа, а особено она на тета Тијана.
Имено, пејачката Тијана Дапчевиќ објави фотографии од малата Хана, а истите ги збогати со емотивна роденденска порака, во која на својата внука и посака да биде здрава, жива, насмеана уште 105 години. Оваа фотографии за кратко време си добија многу лајкови, но и коментари во кои следбениците на Тијана и го честитаа роденденот на малата Хана.