Дали го имате: Калимеро синдром или синдром на вечна жртва?
„Е, нема правда...“ - се сеќавате ли на оваа фраза од еден од најпопуларните цртани филмови.
Главниот јунак Калимеро се разликува по својот изглед (тој е единственото пиле кое е црно по боја) и смета дека секогаш го „извлекува најдебелиот крај“ бидејќи е мал. Постојано е во потрага по внимание, бидејќи е несигурен.
Но, додека овој симпатичен детски цртан предизвикува потреба за заштита, во реалниот живот постојат луѓе кои се соочуваат со истоимениот синдром, кој предизвикува спротивни чувства.
Доколку не очекувате не можете да се разочарате, иако тоа е често нереално. Чувството за правда воглавно е субјективно обоен. Доколку давате - очекувате дека тоа некогаш ќе ви биде вратено. Но, за жал во животот не е секогаш така.
Примери има многу, како на пример:
# кога мислиш дека мајка ти и татко ти повеќе го сакаат твојот брат или сестра;
# кога во училиште или на факултет поминувате полошо од другите, иако сте училе повеќе;
# се давате за пријателите, а кога ви е тешко многу од нив не се тука;
# во љубовта се давате максимално, секој пат верувате дека тоа е она вистинското, а животот ве демантира;
# излегувате постојано и ништо не ви се случува, а многумина со едно појавување имаат милион работи за раскажување;
# иако секогаш сте биле одлични на училиште, а праведни во животот, некои други поминуваат подобро од вас.
Од искуство селективно се согледуваат работите, а истото се заснова на споредба.
Каков е Калимер?
Опсесивно се жали. Кој не го поддржува, како да е против него. Никогаш не е виновен, не презема одговорност, не е самокритичен, не анализира ниту учи од искуствата. Ги критикува другите за да избегне да биде мета, за другите да не му ги видам мааните. Пробува да контролира преку емотивни уцени. Смета дека е жртва на неправда, но е инертен, дури и кога другите му нудат решение. Нема самопочитување, не верува на никој, превнимателен е. Има намалена фрустрациона толеранција. Смеда дека животот за другите е мајка, а за него маќеа.
Како да му помогнете на Калимеро?
# Така што ќе го разберете, активно ќе го слушате, но нема да му нудите решение.
# Не зборувајте општо, туку патот до решението поделете го во чекори. Доколку ве поклопува со зборувањето, оддалечете се, но додека вие зборувате не предизвикувајте лутина.
# Не убедувајте го дека работите не се толку лоши.
# Доколку постојано го зборува истото, нека го запише главниот проблем на хартија и што го мачи кога не е тоа, па така ќе се оттргне од првобитниот проблем.