„Дали ми ја подаде раката кога се давев?“: Бритни со брутална порака кон својата сестра

„Дали ми ја подаде раката кога се давев?“: Бритни со брутална порака кон својата сестра

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

 Како се осмелуваш да објавиш дека сега ти е гајле - напиша поп-sвездата

Поп-sвездата Бритни Спирс со години се бори да се ослободи од старателството над нејзиниот татко. По нејзиното прво сведочење оваа година, народот се обедини и движењето „Слободна Бритни“ се прошири низ улиците на протести, како и на социјалните мрежи.

Иако призна дека и недостасува поддршка од многу луѓе, некој особено ја повредил, а судејќи според коментарите на фановите, тоа е нејзината сестра Џејми Лин Спирс. Џејми неодамна ја поддржа во борбата со нејзиниот татко, но се чини дека тоа не и се допадна на поп-sвездата.

Имено, Бритни за прв пат отворено објави на својот Инстаграм профил и го рече следново:

- Нема ништо полошо од тоа кога вашите најблиски луѓе, кои никогаш не се појавиле кога треба, да објавуваат работи за вашата ситуација, каква и да е, и зборуваат за фер поддршка ... нема ништо полошо од тоа !!!


- Како се осмелуваат луѓето што најмногу ги сакате да кажат нешто воопшто ... Дали некогаш ми подадоа рака?! Како се осмелуваш да објавиш дека сега ти е гајле ... Дали ми ја даде раката кога се давев ??? Повторно ... не ... Па ако го читаш ова и знаеш кој си, и всушност имаш храброст да кажеш што било за мојата ситуација само за да си го спасиш лицето во јавноста ... Ако објавуваш нешто. Те молам, запри со фер пристап кога си толку далеку од фер, што не е дури ни смешно. Добар ден!!! Ако денес го читате ова и можеш да се пронајдеш, жал ми е затоа што знам како ти е и ти ја испраќам мојата љубов - рече Бритни.

„Ова е за тебе Џејми Лин“, „Чик погоди кој е тоа, ха, ха, ха“, „Џејми е змија“, се само некои од коментарите на обожавателите.


Фото: Инстаграм/Бритни Спирс/ Џејми Лин Спирс


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: