Дали наутро го местите креветот? Прашање кое открива многу за вашиот карактер!

Дали наутро го местите креветот? Прашање кое открива многу за вашиот карактер!

Објавена во: Совети // Семејство

Местењето на креветот по будењето за некој е обврска, додека на другите им претставува губење време. Најновите истражувања кои се спроведени на 68.000 луѓе, покажуваат дека 27 проценти од луѓето имаат навика да си го наместат креветот, пишува „Psychology Today“.

Психолозите трврдат дека оваа мала навика може потполно да ви го промени животот и откриваат што таа зборува за луѓето.

Состојбата на креветот е состојба на умот

Мислењето дека животниот простор е одраз на состојбата на свеста на човекот, па така оние кои сакаат уреден кревет, сакаат да имаат ред во животот. Оние кои со задоволство би ја прескокнале оваа навика добро се снаоѓаат во креативниот хаос.

Се чувствувате корисно

Доколку го наместите креветот веднаш штом ќе станете сте исполниле една задача. Поради тоа што денот сте го започнале работно може да бидете горди на себе и ќе продолжите лесно да ги завршувате сите задачи.

Одраз на среќа и продуктивност

Во споменатото истражување, 71 процент од луѓето кои го местат својот кревет секое утро тврди дека се среќни, бидејќи, како што велат експертите, уживаат во своите обврски, редовно вежбаат и повеќе спијат.

Сакаат контрола

Луѓето кои редовно го местат својот кревет по будењето сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само еден детаљ во таа сложувалка.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: