Дали ова е продолжение на „Титаник“? Роуз и Џек ги има во трејлерот на овој култен филм, но во поинаква форма

Дали ова е продолжение на „Титаник“? Роуз и Џек ги има во трејлерот на овој култен филм, но во поинаква форма

Објавена во: Stars // Филм

Трејлерот за „Титаник 2“ постигна огромна популарност и гледаност на Јутјуб...

Најверојатно не постои личност која не го гледала „Титаник“, кој важи за еден од најпознатите филмови на сите времиња. Филмот е снимен по вистинска приказна и ја прикажува љубовта на Роуз и Џек кои освоија многу обожаватели ширум светот. 

„Титаник“ е еден од најпознатите филмови на сите времиња, а исто така е и екстра популарен и трејлерот за второто продолжение на овој филм, кој е погледнат повеќе од 27 милиони луѓе. Новото продолжение всушно не постои, туку обожавателите на овој филм си направија трејлер пародија „Титаник 2“, под назив „Jack is Back“, односно „Џек се враќа“. Оние кои го монтирале трејлерот всушност направиле одлично сценарио и навистина би можело според него да биде снимен и вториот дел од „Титаник“.


Успеаја да направат трејлер за второто продолжение благодарение на сите други филмови во кои Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо играат главни улоги со тоа што ги скратиле сите кадри и од нивните други филмови во кои имале помали актерските улоги. Покрај тоа што одлично се снашле, може да се заклучи и дека тие имаат навистина одлични способности за уредување со оглед на тоа што многу луѓе помислија дека ова е всушност вистински трејлер за „Титаник 2“, а не пародија направена од фановите. Трејлерот беше објавен и на ТикТок каде собра повеќе од 3 и пол милиони лајкови, а повеќето од корисниците на оваа социјална мрежа, исто така, мислеа дека е вистински трејлер.

@moviejunkii

Titanic 2: Jack returns (2022) #Titanic2 #Jack

Originalton -  Netflix | Prime Video..

фото: imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: