Дали ова ќе биде најстрашниот хорор филм годинава?
Се е уште под велот на мистеријата, но талентираната актерска екипа ветува.
Оваа година ќе има изобилство од филмови преполни со страв и ужас, но доколку судиме во морничавиот трејлер, „Antebellum“ веќе се издвојува со својата чудна приказна.
Никакви детали за сценариото не се откриени, освен дека зад режијата се потпишуваат Џерард Буш и Кристофер Ренц, а ќе им се придружи и Шон Мекитрик.
Ни трејлерот не зборува многу, а она што можеме да го заклучиме е дека приказната ја следи успешната спасувачка која била заробена на југот на Америка во време кое претходи на избивањето на граѓанска војна, водена поради ослободувањето на афроамериканските робови.
„Antebellum“ инаку е латински збор и означува превоен период.
Улогата на главниот лик и припадна на талентираната актерка и пејачка Џанел Моне, а пред камерата ќе и се придружат уште Џена Малоун, Елик Ланг, Џек Хјустон, Кирси Клемонс и Габореј Сидибе, помеѓу останатите.
Премиерата на филмот е најавена за 24 април 2020 година во САД.