Дали оваа серија е најголемиот неуспех на Нетфликс? Соочена е со тужба и со најлоши оценки (ВИДЕО)
Сѐ заради тоа што главната актерка Адел Џејмс која ја глуми Клеопатра не е од бела раса...
Кога станува збор за сериите, ние сме навикнати на најдоброто од Нетфликс: секогаш талентирани актерски екипи и возбудливи приказни кои држат милиони ширум светот прикачени на малите екрани.
Но, еден проект најверојатно ќе остане запишан во нивната историја како најпропаднат. Станува збор за серијата „Queen Cleopatra“. Најголемата полемика поврзана со оваа серија се однесува на изборот на актерка со црно потекло за улогата на египетската кралица, додека според историските податоци, Клеопатра имала македонско-грчко потекло.
На страницата Rotten Tomatoes, серијата доби единица. Патем, ова е страница која е ултимативно место за собирање критики за филмови и серии. Самиот наслов е парафраза на стара традиција каде што гледачите можат да фрлаат домати на лошите изведби и уметници.
Како што пишува магазинот Форбс, покрај тоа што има најниски резултати на гледаност во историјата на Нетфликс, има и најниска можна оценка на Rotten Tomatoes досега. Форбс заклучува дека ова е најлошиот резултат на гледаност во историјата на телевизијата.
Бидејќи оваа серија требаше да биде историски документарец, во дискусијата се вклучија историчари и археолози.
„Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење на лажни и погрешни факти дека потеклото на египетската цивилизација е црно“ - рече египтологот Захи Хавас, кој ги повика Египќаните да протестираат против Нетфликс.
На Египќаните не им се допадна Адел Џејмс во улогата на кралицата Клеопатра, па еден египетски адвокат дури поднесе тужба против Нетфликс, како што наведува „за обид да се избрише египетскиот идентитет и да се промовира афроцентрично размислување“.
фото: Принтскрин / Инстаграм