Дали си помеѓу нив: Овие хороскопски знаци се најсебични!
# Скорпија
Скорпиите по природа се многу внимателни и будно ја следат секоја ситуација во која се наоѓа. Многу се свесни за тоа што се случува околу нив. А, доколку примети дека од некоја ситуација може да извлече некоја корист, Скорпијата ќе го искористи тоа. Многу се паметни и не пропуштаат ниту една прилика.
# Лав
Лавот ќе се реши од секоја препрека на својот пат само за да дојде до целта. Нема да се воздржува да посегне по нешто неморално, ако тоа ќе го донесе до тоа што го сака. Но, тоа не значи дека не се предани и дарежливи кон блиските луѓе. Тие само многу се сакаат самите себе и сакаат да се удоволуваат.
# Бик
Биковите најмногу од се сакаат да уживаат во животот. А, исто така сметаат дека да се биде великодушен не е секогаш предност, бидејќи со тоа ги губите генијалните работи кои би можеле да бидат само ваши! Биковите се водат по тоа дека доколку не ги ставите своите најдобри интереси на прво место, никој друг нема да го направи тоа за вас.
# Јарец
Јарците уживаат во било каква предност на конкуренцијата, но тие не се тие кои ќе посегнат по нечии средства за да остварат нешто. Меѓутоа, доколку се појави можност Јарецот да биде конкуренција на некој друг, тој ќе направи се што е потребно за да победи. Јарците се мудри и амбициозни, но и свесни дека успехот не доаѓа сам од себе. За успех треба да се работи.
# Водолија
Водолиите знаат дека ништо нема да се случи доколку самите не направат нешто, но исто така знаат да ја искористат случајната ситуација која се случила во нивна корист. Понекогаш знаат да бидат груби и ладни, но тоа е само измама. Не сакаат емоциите да им застанат на патот до успехот, па вешто ги скриваат. Но, никогаш никого не би повредиле и секогаш го враќаат секое добро дело кое некој го направил за нив.
# Близнаци
Близнаците се остри и често први ја зграбуваат можноста која сите други успеваат да ја пропуштат.Доколку на подот најде пари, Близнакот нема никој да праша да не случајно му испаднале, туку ќе си ги задржи за себе. И без оглед на тоа што ги сакаат луѓето кои им се блиски, сепак најмногу се сакаат самите себе.