Дали досега сте знаеле дека овие 7 филмови настанале по книги?

Дали досега сте знаеле дека овие 7 филмови настанале по книги?

Објавена во: Stars // Филм

Многу пати ни се случило да прочитаме книга и потоа да се воодушевиме кога ќе слушнеме дека се снима филм. Не интересира дали сценариото ќе се измени и која од холивудските ѕвезди ќе земе некоја улога.

Но, постои и обратна ситуација. Ова се филмови кои сите сигурно сте ги гледале, но дали сте знаеле дека тие се настанати по книга? Во продолжение погледнете ја листата и споредете ги филмовите и книгите.

# Pitch Perfect

Ова не сме го знаеле. Книгата во оригиналот се вика „Pitch Perfect: The Quest for Collegiate A Capella Glory“, а ја напишал Мики Рапкин. Ве интересира ли како завршиле Барден Белас во книгата и дали приказната е раскажана на некој друг начин?

# Mean Girls

Тин комедијата од 2004 година, исто така е настаната по книга. Режисерката Тина Феј била инспирирана по книгата со назив „Queen Bees and Wannabes“, која ја напишала Росалинд Вајсман. Сето останато е историја, бидејќи ова е филм кој влијаел на многу девојки.

# Night at the Museum 

Оваа истоимена книга ја напишал Милан Трен, а оваа книга претставува една од најубавите семејни авантури. Според неа е снимен филм кој на многумина им е омилен.

# Shrek

Зеленото чудовиште и малото магаре станаа симбол на пријателството, а дали знаете дека пред филмот постоела книга? Ја напишал Вилиам Стеиг, а се вика „Shrek“.

# The Lion King

Омилениот цртан филм на Дизни можеби не настанал според истоимената книга, но затоа е инспириран од „Хамлет“ на Вилиам Шекспир.

# The Parent Trap

Сите знаеме за верзијата во која глими Линдзи Лохан, но дали сте знаеле дека постои и книга? Ја напишал Ерик Кетнер, на англиски се вика „Lisa and Lottie“, а кај нас е преведена како „Двојната лота“. Напишана е во далечната 1949 година, но Дизни секако се држел до оригиналот.

# Mrs. Doubtfire

Ана Фајн ја напиша детската книга „Madame Doubtfire“, која подоцна послужи за филм во кој актерот Робин Вилиамс едноставно не воодушеви.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: