Дали сте знаеле: Во овие места од светот се уште нема интернет?
Скоро не поминува ден во кон на некој начин не ги користиме услугите кои ги нуди интернетот, а ретко кој може да се сети како изгледал животот „пред интернетот“. ОД 1989 година, кога Тим Бернерс Лее го измисли т.н. World Wide Web, до денес во светот има околу 1,3 милијарди луѓе кои се родени „по интернетот“ и кои во светот без него може да прочитаат и да слушаат од своите родители, дедовци или баби. Покрај напредокот кој интернетот го донесе на целата цивилизација и понатаму постојат некои места во светот каде тој не се користи, а во продолжение погледнете и каде.
# Држави во кои власта забранува интернет
Иако постојат инфраструктури во некои земји постојат забрани од власта за користење на интернет или за посетување на одредени мрежни страници. Некои од нив се Куба - со најспорт интернет во Америка, Кина - земја со најмногу новинари во затвор и каде комунистичкиот режим не сака никакво влијание од западниот свет. Тука се уште и Иран, Виетнам, Азербејџан, Саудиска Арабија и добро познатиот пример Северна Кореја, каде само власта има потполн пристап, а помал дел од популацијата може да се приклучи само на пропагандната верзија на интернет која е под контрола на власта.
# Земји со лоша инфраструктура
Постојат дури 35 држави ширум светот во кои најмногу една од пет личност може да се приклучи на интернет поради лошата интернетска инфраструктура. Сиромаштијата е главната причина за тоа, а бројките говорат дека само 31% од сиромашните земји користат интернет, додека бројката во развиените земји е 77%.
Денес интернет користат дури 4,5 милијарди корисници ширум светот, а Азија во е во голема предност со дури 2,2 милијарди користиници, што е околу 55% од сите корисници во светот. Но, тоа не значи дека цела Азија е вмрежена. Постојат држави каде технологијата се уште не станала дел од секојдневието, а во Азија тоа се Јемен, Пакистан, Туркменистан, Непал, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Бурма и Индонезија.
Во Средна Америка интернетот најмалку се користи во Гватемала, Хондурас, Салвадор и Никарагва. Во Африка има најмногу земји со лоша интернетска инфраструктура, а тоа се Сенегал, Буркина Фасо, Мали, Гана, Брегот Слоновата Коска, Бенин, Алжир, Либија, Судан, Етиопија, Камерун, Уганда, Руанда, Конго, Малеви, Зимбабве, Замбија, Намибија, Мадагаскар, Мозамбик, Ангола и Еритреја, каде интернетот е во потполна контрола на власта и е користен од помалку од 1% од популацијата.
# Места каде што нема сигнал
Главниот механизам за спојување на интернетот се каблите, мобилните мрежи и сателитите. Оптичките кабли се неопходни за воспоставување на врска, а протегаат низ океанот и преку копното. Со нивна помош денес се вмрежени сите континенти освен Антарктикот и неколку помали острови. Мобилните мрежи имаат импресивно достигнување и ќе ви овозможат спојување на интернет дури и во делови на Сахара. На оваа врска сигнал се потпираат и поголемиот број држави во Африка.
Сателитот е најспориот начин на поврзување, но понекогаш е единствениот избор. Со помош на сателитот можно е да се спојат националните паркови, Антарктикот или на островите како што се островите на Кук, но доколку се наоѓате на екваторот, сигналот од вас до сателитот ќе мора да патува 35 000 километри, а ќе му требаат околу 1/4 секунди. Сателитите имаат просечна брзина од 5 до 25 Mbps, додека со кабел може да се постигне брзина од 2000 Mbps. Сателитскиот начин на поврзување го користат крузерите, а Norwegian Sky во 1999 година беше првиот крузер кој овозможи спојување на интернет на патниците за време на пловење.
Но, постојат ли места каде што каблите, мобилните мрежи и сателитите не може да допрат? Да и ќе ги пронајдете доколку се спуштите 1710 метри во втората најдлабока пештера во светот, Крубери во Русија или доколку се нурнете во длабоките и мрачни делови на океанот. Со напредната технологија, има се помалку места до кои сигналот не може да дојде.