Дали ве интересира кој ви го гледа профилот на Инстаграм?

Дали ве интересира кој ви го гледа профилот на Инстаграм?

Постојат неколку споредни начини за да дознаете кој ве следи, а кој ве блокирал на Инстаграм.

Голем број од корисниците на социјалната мрежа Инстаграм се обидуваат да откријат кој го посетува нивниот профил. Поради тоа често инсталираат различни апликации и користат некои од многубројните онлајн сервиси за да добијат одговор на ова прашање. Но, дали навистина ќе го добиете одговорот?

Тешко, без оглед на апликацијата која ја користите, открива klix.ba.

Од 2012 година, кога Фејсбук го откупи Инстаграм, заштитата на приватноста на корисникот е дополнително заострена и не постои ниту една апликација која на корисниците може да им открие кој им го гледа профилот.

Ваквите апликации кои се нудат се креирани со цел да ги соберат вашите податоци кои ќе бидат проследени понатаму. Значи, „не паѓајте“ на ваквите апликации.

Она што може да ви биде од корист се некои апликации кои добиле позитивни рецензии поради аналитиките кои им ги прикажуваат на своите корисници.

Една од нив е апликацијата „Visitors Pro App“ која за iOS  ги собира податоците од вашиот профил и потоа прикажува кој најчесто ги гледа вашите Инстаграм сториња, кој ве лајкува и коментира на објавите. На тој начин е можно да откриете кои се вашите најверни следбеници.

Идентичните опции веќе се достапни и на Инстаграм. Доколку ја отворите листата на луѓе кои ги следите на Инстаграм, ќе пронајдете и две дополнителни листи: Луѓе со кои најмногу комуницирате и луѓе со кои најмалку комуницирате.

Доколку се одлучите да ја активирате опцијата „Деловен профил“, ќе добиете увид во аналитиките кои ќе ви откријат колку луѓе ја виделе вашата објава, колку од нив ја сочувале фотографијата или видеото кои сте ги објавиле, од кои градови се најголемиот дел од вашите следбеници...

Достапна е и апликацијата „Follower Insight“, која на корисниците им испраќа известуваање кога ќе изгубат следбеник или кога некој ќе ги блокира.


Можеби ќе ве интересира: