Дали знаевте: Изборот на миленик открива многу за вашиот карактер

Дали знаевте: Изборот на миленик открива многу за вашиот карактер

Објавена во: Совети // Тестови

Според досегашните истражувања, личностите кои имаат домашни миленици се разликуваат карактерно.

Општото мислење е дека сопствениците на кучиња се поопуштени и поотворени, а сопствениците на мачки се сосема поинакви, бидејќи тие животни се сметаат за поладни и попресметани. Но, што е вистина?

# Сопственици на кучиња

Личностите кои имаат кучиња се сметаат за поконзерватнивни од личностите кои имаат мачки, но од друга страна се поекстровертни. Поотворени се и преферираат да го искористат денот конкретно наместо да филозофираат за ситници и да плачат по истуреното млеко. Сопствениците на кучиња почесто ги прифаќаат новите технологии, отколку сопствениците на останатите домашни миленичиња. Тие се самоуверени, упорни, проактивни, енергични и отворени.

# Сопственици на мачки

Се сметаат за полиберални, но и поневротични од сопствениците на кучиња и уживаат во сарказам и игри со зборови. Полесно можат да издржат поголем стрес и се поинтровертни во споредба со сопствениците на кучиња. Сакаат да поминуваат време сами и затоа работат на проекти намести тимски. Ним им треба време да ги прифатат новите технологии. Сопствениците на мачки почесто имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.

# Сопственици на риби

Луѓето кои се одлучуваат за риби како домашни миленици, се задоволни индивидуалци, посмирени и емотивно постабилни од останатите сопственици на домашни миленичиња.

# Сопственици на морски прасиња, хрчаци...

Личностите кои дома имаат морско прасе или некој сличен глодар, воглавно се интровертни и под поголем стрес, отколку што покажуваат.

# Сопственици на желки

Рационални, големи работници, одговорни и насочени кон целите - се само некои од епитетите со кои може да се опишат сопствениците на желки.

# Сопственици на коњи

Сопствениците на коњи се поодлучни и проактивни од останатите сопственици на животни, топли се и личности кои се грижат за другите. Ако имате коњ, склони сте кон агресија и доминација во друштвото, а ако чувате кобила, поопуштени сте.

# Сопственици на птици

Личностите кои имаат птици се сметаат за многу внимателни и пристојни.

фото: unsplash.com

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: