Даниел Редклиф се враќа во улогата на Хари Потер: Кои познати личности ќе се придружат во Хогвортс?
Вест која ги воодушеви сите љубители на светот на магијата...
Подгответе ги наметките и стапчњата, време е за враќање во Хогвортс. Доколку ви недостасува малку магија во овие тешки времиња, Роулинг и Даниел Редклиф имаат идеално решение.
Сите вие кои имате израснато со серијалот книги и филмови за Хари Потер, ќе бидете воодушевени од она што Светот на волшебникот го подготви. Поточно, официјална веб - страница на серијалот сподели дека секоја недела различни познати личности ќе читаат по едно поглавје од книгата. Оваа акција е започната како дел од иницијативата „Хари Потер дома“, за обожавателите да може да се забавуваат во време на изолацијата и да се потсетат на омилените ликови и настани што можеби со текот на времето ги заборавиле. Првото поглавје од книгата „Хари Потер и каменот на мудроста“ ќе го прочита самиот Хари, односно Даниел Редклиф.
Во екслузивното видео кое е објавено на нивниот Инстаграм профил, тие прикажаа дел од познатите личности кои ќе учествуваат во читањето на книгата. Видеото се шири премногу брзо, а за тоа говори и фактот што за помалку од 24 часа беше прегледано повеќе од половина милион пати. На Даниел ќе му се придружат и ѕвездите како Дакота Фанинг и Дејвид Бекам, а поглавјата ќе ги прочитаат и Еди Редмајн и Клаудија Ким.