Даниела (5) никогаш нема да го заборави првиот ден од новиот живот, со новото семејство: Во моментот на посвојување, ѝ приредија вистинско изненадување

Даниела (5) никогаш нема да го заборави првиот ден од новиот живот, со новото семејство: Во моментот на посвојување, ѝ приредија вистинско изненадување

Објавена во: Совети // Семејство

Даниела била бебе кога ја чувало згрижувачко семејство, а сега на 5-годишна возраст го дочека моментот да биде посвоена и да го добие своето ново постојано семејство.

Иако ова е сонот на секое дете кое поминува низ процесот на посвојување, социјалниот работник кој беше одговорен за Даниела најде начин да ѝ го направи денот уште помагичен. Тој на нејзиното ново семејство му кажал дека Даниела ги обожава принцезите, па во моментот кога новото семејство седеше со Даниела во судницата, каде што требаше законски да го официјализираат чинот на посвојување, некој влезе на вратата.

Тоа беше Снежана, од цртаниот филм на Дизни! Девојчето остана без зборови!

Судијата рече:

- Ова не е обично посвојување, туку посвојување на принцеза во семејството!

Заедно со Снежана дојдоа и други принцеза, како и принцот. Судницата беше шарена и полна со забавни ликови од Дизни.

Даниела блескаше од радост, а како врв на се, судијата ѝ дозволи да го затвори случајот сама со удар на масата. 

Ова мало девојче никогаш нема да го заборави првиот ден од новиот живот, со новото семејство!


извор:Kurir.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: