Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не смеат да имаат пријатали: Причината нема никаква смисла

Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не смеат да имаат пријатали: Причината нема никаква смисла

Објавена во: Совети // Другарство

Експертка за кралското семејство открива зошто принцот Џорџ и принцезата Шарлот не смеат да имаат најдобри пријатели...

Британската принцеза Шарлот и нејзиниот постар брат, принцот Џорџ, не смеат да имаат најдобар пријател на училиште. Имено, двајцата го посетуваат „Thoma's School“ во лондонскиот Батерси, а нивното училиште тоа не го дозволува.

„Станува збор за училиште кое навистина очекува родителите да бидат потполно вклучени во образованието на своите деца.

Поради тоа не е изненадувачки фактот што фотографите често ги уловуваат војводата и војвотката од Кембриџ додека ги носат децата на училиште“ - кажа експертката Џен Мур за „Cosmopolitan“.

„Не поддржуваат деацата да имаат најдобри пријатели. Мотото на училиштето е „биди добар“ и тоа се однесува на сите сегменти од образованието. Доколку едно дете слави роденден, мора да ги повика сите ученици од своето одделение за некој да не се почувствува запоставено. Училиштето всушност е многу квалитетно“ - додаде Мур.

Шарлот инаку е второ, а Џорџ четврто одделение во основно училиште.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: