Децата во транс: Големиот Новак и по влегувањето во историјата има време за да ги воодушеви обожавателите (ВИДЕО)
Дури ниту повредата не го спречи тенисерот да остане малку подолго...
Новак Ѓоковиќ успешно ја надмина првата пречка на АТП турнирот во Дубаи, каде што беше подобар од Чехот Томаш Махач со 2:1, по сетови 6:3, 3:6, 7:6. На српскиот ас му беше потребно многу труд за да го скрши отпорот на 130-от тенисер на светот, бидејќи се соочи и со одредени физички проблеми.
Најверојатно проблем во повредата на Новак се крие во тоа што спрскиот тенисер помина долг период без тенис, откако паузираше по освојувањето на Австралија опен на крајот на јануари.
И покрај повредата, уморот од натпреварот, Новак најде време за да се дружи со своите обожаватели на теренот, а израдува неколку момчиња и девојчиња, потпишувајќи им ги топчињата и маичките.
Во таа прилика, особено воодушевил едно девојче, а како изгледало тоа, може да погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм