Деми Ловато уште еднаш ја раскажа приказната за предозирањето: Овој пат во видео запис

Деми Ловато уште еднаш ја раскажа приказната за предозирањето: Овој пат во видео запис

Објавена во: Stars // Музика

28 - годишната пејачка со видео записот го најави и новиот албум, кој е достапен од денес...

Деми Ловато уште еднаш на емотивен начин раскажа за она што ѝ се случило за време на нејзиното предоизирање - овој пат низ спотот „Dancing with the Devil“, кој го објави пред неколку часа.

28 - годишната пејачка со спотот го најави и новиот албум, кој е достапен од денес.

Видеото започнува со изјавата за одрекувањето кое вели: „Ова видео ја прикажува зависноста, употребата на дрога, траумата и сексуалната злоупотреба, содржина што за некои ќе биде вознемирувачка“.

Во следната сцена, Деми е во болницата каде има трансфузија на крв. Приказната потоа нè води во моменти, пред таа да се предозира, а потоа и до нејзината спална соба кога нејзиниот дилер на дрога сексуално ја злоставувал, а потоа ја оставил да умре.

После тоа, ја гледаме нејзината асистентка како влегува во собата и ја наоѓа без животни реакции, а потоа доаѓаат болничарите да ѝ помогнат да ја врати во живот.

Остатокот од видеото го следи нејзиниот пат кон закрепнување во болницата и завршува со откривање на нејзината тетоважа „Survivor“ на вратот.

Извори за TMZ открија дека Деми на снимањето ги изненадила сите кога „започнала да ја пее песната, а потоа неконтролирано липа.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: