„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто и подарок сет книги од Маркес за секоја сметка над 3.000 денари

„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто и подарок сет книги од Маркес за секоја сметка над 3.000 денари

Објавена во: После „Школо“ // PR

Со попусти до 50 отсто и подарок книги, од 5 до 20 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи второто издание на „Денови на литературата“. Во акцијата, покрај изданијата на „Арс Ламина“, ќе бидат вклучени книги од голем број македонски издавачки куќи: „Академска книга“,  „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“ и „Слово“.  
Во рамките на акцијата, за секоја сметка над 3.000 денари ќе следува подарок – сет со седум книги од Габриел Гарсија Маркес, чијашто продажна вредност е 2.750 денари. Станува збор за книгите: „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Морето на изгубеното време и други раскази“, „Генералот во својот лавиринт“ и „Виор од лисје“.

Читателите ќе добијат подарок книги за купени дела од одредени автори. За една купена книга од Тери Прачет, следува подарок другите три книги. Со која било купена книга од трилогијата „Темната граѓа“ од Филип Пулман (составена од книгите „Поларна светлина“, „Суптилниот нож“ и „Килибарниот дурбин“) се добиваат другите две гратис. Доколку ги набавите двете книги од Колин Хувер: „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, на подарок ќе ги добиете двата нови наслови: „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“. Со кои било два купени романи од Кери Лонсдејл („Сè што чуваме“, „Сè што оставаме“ или „Сè што даваме“) следува третата книга гратис. 


Со купена книга „Ветената земја“ од Барак Обама се добива гратис – новата книга „Вистините во кои веруваме“ од Камала Харис. Со кои било купени две книги од Ернест Хемингвеј, во издание на „Арс Либрис“, следува подарок „Есен во Венеција“. Доколку вашиот избор е „Бегај“ од Харлан Кобен, следува гратис „Момчето од шумата“. Во акцијата се и романите од италијанската авторка Роза Вентрела, со купување на „Градината на олеандрите“ се добива на подарок претходното дело „Приказна за едно семејство“. За купена книга „Доктор Сон“ од Стивен Кинг следува – „Сјаење“.
За примерок од „И љубовта“ од словенечкиот писател Драго Јанчар, ќе ја добиете „Таа ноќ ја видов“. За купена една книга од Пол Остер („Невидливо“ или „Музика на случајноста“) ги добивате двете. Со „Прогонетата: реквием за Линда Б.“ од Исмаил Кадаре следува неговата книга „Куклата“. Со купена нова книга од Александар Русјаков: „Албино трип“, се добива гратис неговата претходна книга „Курвински хроники“. Со „Танц околу сонцето“ од Ведрана Рудан се добива „Костурите на округот Медисон“. За која било купена книга од Дејв Бирс („Упатство за употреба на креативниот ум“ или „Распаметен“) следува другата негова книга гратис. 


Во понудата се два комплета од популарниот серијал за млади „Јас сум Миа“. Во првиот, за секоја „Миа во Амстердам“ + тетратка „Јас сум Миа“ следува гратис „Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“. Во втората понуда, со купени „Јас сум Миа – Дневник за девојчиња“ + тетратка „Јас сум Миа“ ќе добиете подарок гратис „Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“.
Во рамките на „Денови на литературата“ ќе има попусти на некои од најбараните книги од „Арс Ламина“. На специјален попуст од 70 отсто ќе биде книгата „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито. По цена од 100 денари ќе бидат книгите: „Ненамирени долгови“ од Питер Темпл, „PR: љубовна приказна“ од Александар Илиќ, „Хузур“ од Мартина Млинаревиќ и „Јас сум Цако“. По 150 денари ќе бидат: „Во кралството на мразот“ од Хемптон Сајдс и „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен, а „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ од Џонатан Сафран Фоер – 200 денари.

Со попуст од 50 отсто ќе бидат „Американски брак“ од Тајари Џонс, „Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер“ од Џонатан М. Хансен, „Морам да знам“ од Карен Кливленд, „Основен тренинг за живот“ од Марино Башиќ, „Машини како мене и луѓе како вас“ од Ијан Мекјуан, „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, „Очи на темнината“ од Дин Кунц, „Поранешниот ти“ од Луиз Вос, „Сребрениот куфер“ од Тери Тод, „Синот на управникот на сиропиталиштето“ од Адам Џонсон, „Во весниците пишува сè... (а нешто и не)“ од Крешимир Мишак, „Отчукувања“ од Франсеск Миралјес, биографијата „Опра“, „Книга за телото“, „Мала книга за Мерилин“ и „Антиканцер: Нов начин на живот“ од д-р Давид Серван-Шрајбер. 

На попуст од 40 отсто се „Каде што шумата се среќава со ѕвездите“ од Гленди Вандера, „Транскрипција“ од Кејт Аткинсон и „Моите изуми“ од Никола Тесла.
На 30 отсто попуст ќе бидат книгите: „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров, „Редоследот на времето“ од италијанскиот физичар Карло Ровели, „Како ја изгубив невиноста“ од Ричард Бренсон, „Баудолино“ од Умберто Еко, „Паника“ од Деса Мук, „Нека снежи: три празнични романси“ од Џон Грин, Морин Џонсон, Лорин Миракл, „Сопруга на хартија“ од Лајла Ибрахим и „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ од Џуно Диаз.

Со намалување од 20 отсто ќе можат да се набават следните серијали во издание на „Арс Ламина“: крими-романите од Агата Кристи, книжевниот опус на Милан Кундера, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан и делата од Орхан Памук.
Со 20 отсто попуст ќе можат да се набават: делата од популарниот турски писател Орхан Памук, „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“. На листата со книги со намалување од 20% се: „Сервирај за победа“ – Новак Ѓоковиќ, „Минхен“ од Роберт Херис и „Млеко и мед“ од Рупи Каур, „Подарокот“ и „Сестрата“ од Луиз Џенсен, серијалот „Црвена кралица“ од Викторија Авејард („Црвена кралица“, „Стаклен меч“ и „Кралски кафез“) „Џулијан Асанж: Неавторизирана автобиографија“, „Заеднички стан“ од Бет О’Лири. На попуст се и автобиографијата „И така, ви велам...“ на Џон Клиз, „Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф, „Мајки-блогерки“ од Холи Вејнрајт, „Леонардо да Винчи“ од Хенри С. Џилиет, „Били Ајлиш“ од Сали Морган, „Сите светли точки“ од Џенифер Нивен, „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен, „До последна нота“ од Лиза Џенова, „Украденото дете“ од Санџида Кеј, „П.С. Ми се допаѓаш“ од Кејси Вест и „Наследство на шпионите“ од Џон Ле Каре.
Сите попусти и акции поврзани со изданијата од „Арс Ламина“ ќе важат и за нарачките на www.literatura.mk.

Каталогот од акцијата „Денови на литературата“ можете да го разгледате на овој ЛИНК

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: