Дерматологот на Кендал Џенер ги открива тајните за чистата кожа: Што доведува до иритација и воспалени акни?

Дерматологот на Кендал Џенер ги открива тајните за чистата кожа: Што доведува до иритација и воспалени акни?

Објавена во: Мода // Moj стил

И познатата убавица со година се борела со проблематична кожа на лицето...

Ако се борите со нерамномерен тен и акни, советите на д-р Кид ќе ви значат.

Таа е дерматолог на познати убавици и успеа да ја доведе кожата на лицето на Кендал Џенер до совршенство. Таа со години се борела со лошиот тен и мозолчињата, а д-р. Кид успела да ги реши сите нејзини проблеми. Еве како...

Д-р Кид откри дека кога станува збор за нечистата кожа, дури и најмалите грешки можат да ја влошат состојбата. Тука треба да ги избирате производите многу внимателно и мудро.

„Пилинзите, четките за чистење, кои се многу популарни во моментот и грубите крпи не доаѓаат предвид. Ова ќе се надразни кожата и ќе предизвика иритација“ - вели таа.

„Жени со проблематична кожа често ми се јавуваат. Она што им е заедничко на сите е дека тие користат многу производи верувајќи дека ќе им помогнат. Реалноста е дека токму на тој начин тие предизвикуваат најголема штета на кожата.“

Затоа, држете се до едноставните работи кои делуваат - средства за чистење на лице со структура слична на гел, хидратантни маски, како и навлажнувачки креми кои го контролираат лачењето на себум.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: