Десертот за кој полуде светот: Направете го сами познатиот „ДАЛГОНА“ кекс со овие две состојки и пробајте се во предизвикот на „Squid Game“
Инаку, Далгона е традиционален корејски десерт кој се прави само од две состојки, а по вкусот е најсличен со лижавчињата.
Сепак, колачот кој има тврда кора е лесно кршлив, а на оние кои во „Squid Game“ се бореа за живот им отежнуваше да исечат необични облици.
Потребни состојки за едно колаче:
1,5 лажица шеќер;
2 прстофати сода бикарбона.
Подготовка:
Во тенџерче ставете 1,5 супена лажица шеќер, а потоа на средна температура мешајте додека убаво не се растопи. Кога шеќерот ќе добие темно жолта нијанса која потсетува на мед, тргнете ја од оган и додадете ја сода бикарбоната.
Кога смесата ќе се запени, истурете ја на рамна метална површина и оставете ја неколку секунди да се олади. Со помош на долниот дел од тенџерчето или сличен предмед притиснете ја смесата, додека колачето не добие потполно рамна површина.
Веднаш потоа втиснете го калапот од посакуваниот облик во смесата, нежно притиснете, но само до половина од смесата, за калапот да не го пресече колачето.
Оставете далгоната да се олади, земете игла и време е за предизвик!
Целата постапка може да ја видите во продолжение: