Детали за снимањето на на третото продолжение на „The Princess Diaries“: Ќе имаме ли шанси воопшто да го гледаме?
Се појави вест за можно снимање на трето продолжение од популарниот филм „The Princess Diaries“. Се огласи и Крис Пајн, кој кажа дека со задоволство повторно ќе се појави во филмот на Николас Деверо.
Популарниот актер за „Entertainment Tonight“ изјави дека би сакал да глуми во третиот дел од филмот.
„Да, тука сум! Тука сум за тоа. Јавете ми се или испратете ми е-маил“ - вели Пајн.
И Ен Хатавеј се огласи за снимањето на продолжението, велејќи дека обожавателите со години чекаат да излезе третиот дел од „The Princess Diaries“. Актерката истакна дека верува дека публиката е исфрустрирана од исчекувањето.
Со желба да се направи продолжение на филмот, „Her“ пренесува дека Ен Хатавеј кажала дека филмот не може да се сними без Џули Ендрјус.
„Ако постои начин да се вклучи Џули Ендрјус, мислам дека би успеале“ - вели Ен.
Меѓутоа, и покрај желбите на актерите повторно да се појават на филмското платно во ова остварување, шансите за наскоро да се сними овој филм не се големи. Минатата година, „The Hollywood Reporter“ тврдеше дека Дизни работи на продолжение, но Ендрјус за „Access Hollywood“ изјави дека верува дека тоа нема да биде возможно.
фото: Принтскрин / Јутјуб