„Дете роди дете“: Нејзиниот син сега има 9 години, а таа го роди на свои 13

„Дете роди дете“: Нејзиниот син сега има 9 години, а таа го роди на свои 13

Објавена во: Совети // Семејство

Доби дете покрај кое и самата порасна, заврши основно и средно училиште

Мајка која се породи на само 13 години откри како било да се одгледува дете кога и самата била дете. Габи Иган, која сега има 22 години, привлече масовно внимание со секојдневно споделување на „TikTok“ видеа од неа и нејзиното семејство - во кое се нејзините две деца и двете деца на нејзиниот партнер Коби.

Сепак, на оваа мајка сè уште ѝ го поставуваат истото прашање: „Чекај, ти роди дете на 13 - за што се работи?“.

- Се чувствувам како секоја година да морам да раскажувам како го добив мојот син кога имав само 13 години - изјави Габи на „ТикТок“ пред својата публика од 4,2 милиони следбеници.

@bbyegan_ Replying to @vitketchup original sound - Gabbie Egan

Габи дознала дека е бремена откако почнала да се гледа со 16-годишно момче. Таа била седмо одделение, а тој средно училиште. Тој човек одамна не е дел од животот на Габи.

- Ова е слика на мојот син и јас од 2014 година. На оваа фотографија имав 13 години, а тој беше новороденче. И ова сме јас и мојот син сега. Јас имам 22 години, а тој ќе има девет следниот месец - Габи покажа две фотографии од неа и нејзиниот син.

Иган објасни дека таа и нејзиниот син, со кој пораснале заедно, носеле протези - во исто време. Габи, која живее во Охајо и има целосно старателство над нејзиниот син, вели дека често ѝ се поставува друго вообичаено прашање: „Дали болеше породувањето на 13 години?“.

- Мислам дека породувањето на која било возраст боли. Но, имав царски рез кога имав 13 години и не беше толку лошо.

Следното прашање беше дали таткото воопшто се занимава со родителство. Габи одговори дека живее многу далеку од нив, во Тексас и дека ги посетува еднаш годишно.


Оваа мајка доби многу пофалби откако проговори за своето искуство и не ја романтизираше тинејџерската бременост. Беше тешко сама да го запознаам светот околу мене и да бидам одговорна за нечиј живот.

- Ви благодарам што ја кажа вистината - рече една личност: - Гледам дека многу луѓе ја романтизираат тинејџерската бременост. Сепак, јас сум горда на тебе - продолжи така.

Друг коментираше: - Не е лесно на ниту една возраст. И да бидам искрена, ти си позрела од повеќето луѓе.

Извор: Ona.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: