Деветгодишно девојче престанало да јаде по предупредувањето од училиште дека има премногу килограми
Мајка тврди дека нејзината ќерка почнала да одбива храна откако училиштето во писмото до родителите ја вброило во групата „претешки деца“. Девојчето е трето одделение, а сите ученици морале да го поминат тест за телесната подготвеност во склоп на кој се меселе висината и тежината на децата, со цел да се одреди нивниот индекс на телесна маса, објасни мајката на „Reddit“.
„На сите родители чии деца имале прекумерна телесна тежина им испратиле писма. Но, им ги предале на децата со напомена да не ги отвараат, туку да им ги предадат на родителите. Деца како деца, секако дека биле заинтересни што пишува во писмото“ - напишала во воведот на својат објава.
Мајката ја земала ќерката од училиште и веднаш воочила дека девојчето е нерасположено. Ја прашала како го поминала денот, но ќерката ѝ дала краток одговор, што не бил својствен за неа.
„Постојано ја гледав во ретровизорот и беше тажна. Дома ја прашав што се случило, на што почна да плаче и ми кажа дека е дебела и дека мора да ослабне. Првата помисла ми беше дека некој го нарекол моето дете дебело. Ја прашав зошто го мисли тоа, а потоа ми го предаде писмото“ - појасни мајката.
Во писмото било објаснето дека девојчето има килограм повеќе од здравиот индекс на телесона маса, што го изложува ризикот од висок кривен притисок, дијабет и низа други проблеми. Родителите исто така биле замолени да ги однесат децата на лекар кој ќе им помогне да смислат план за слабеење.
„Моето дете има 9 години! Бевме на лекар и тој воопшто не искоментира дека има вишок килограми, а инаку е отворен и сигурно би ме предупредил дека тоа го смета за загрижувачко“ - продолжи мајката.
Се обидела ќерката дека е здрава и дека не ѝ треба да ослабне, но девојчето почнало да одбива храна.
„Толку сум лута поради овие писма. Сите во училиште знаеле што значи да се прими писмо, односно да го добиваат само деца кои имаат проблеми со вишокот килограми. Колку е тоа понижувачки. И самата се боледував од телесна дисморфија и се надевав дкеа на моите деца нема да им се случи тоа“ - заклучи.
Многу родители ѝ ја дадоа својата поддршка на оваа мајка и ги споделија своите слични ставови.
„Кај нас не се пишуваат писма, но децата се издвојуваат пред сите. Таквата пракса треба да се укине“, „Не е во ред така да се издвојуваат децата. Ако веќе посоти проблем, тогаш треба да се реши на суптилен начин“ - се само дел од коментарите на корисниците на „Reddit“.
фото: freepik.com