Деветнаесетгодишно момче знаело дека ќе умре: Пред смртта направило нешто прекрасно
Рис Лангфорд од Ebbw Vale, Квинсленд починал од рак минатиот вторник. Ова 19-годишно момче боледувало од остеосарком, рак кој започнува во коските.
Во последните недели од живот, Рис правел неверојатни напори за собирање средства, откако наишол на приказната за Џејкоб Џонс, 6-годишно момче од истото место, кое исто така се борело со ракот. Рис донирал 1.000 фунти за лекувањето на Џејкоб и организарал кампања за групно финансирање во која собра 60.700 фунти.
Мајката на Рис, Кетрин на социјалните мрежи напиша: „Мојот воин, мојот херој, мојот син, моето бебе, се откажа од борбата. Тој го положи мечот и умре мирно дома со целото семејство околу него“ - пренесува WalesOnline.
„Последен пат очите ги затвори околу 19 часот на 08.02.2022 година. Скршено ни е срцето. Мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист. Дел од мене умре исто така. Се бореше во долга и тешка болест“.
Уметник роден во Ebbw Vale, Нејтан Вибурн, неодамна направи фото-колажен портрет на Рис и со тоа му оддаде чест на „суперхеројот од Ebbw Vale“.
Rhys Langford closed his eyes for the last time last night.
— Nathan Wyburn Artist (@NathanWyburnArt) February 9, 2022
Rhys’ legacy will forever live on in the memories of those who’s lives he touched, of which there were so many.
His selfless fundraising will help little Jacob continue his fight. £60,000 in his last weeks. More pic.twitter.com/x1xKcaPGat
Нејтан напиша: „Неговото несебично собирање средства ќе му помогне на малиот Џејкоб да ја продолжи својата борба. 60.000 фунти во неговите последни недели. Едноставно прекрасно! Ми беше често што те запознав минатата недела, пријателе“.
Семејството Ленгфорд никогаш не било религиозно, но сметале дека единствениот извор на утеха на Рис биле посетите на свештеникот Рој Вотсон. Минатиот месец, свештеникот Вотсон ги крстил Рис, неговиот 9-годишен брат Чарлин и мајка им Кетрин во нивниот дом.
фото: Instagram/@myshiningstaruk