Девојче ги прашало своите соседи дали ќе ѝ бидат дедо и баба: Неколку години подоцна ја открила нивната тајна

Девојче ги прашало своите соседи дали ќе ѝ бидат дедо и баба: Неколку години подоцна ја открила нивната тајна

Објавена во: Совети // Семејство

Кејтлин Мартинез имала прекрасна мајка. Имала и татко кој многу ја сакал. Но, нејзиниот татко бил возач на камион, па така поголемиот дел од годината го поминувал на пат.

Кејтлин немала браќа ни сестри, па така секогаш барала други деца со кои ќе си игра. За време на една таква потрага, наишла на постар пар, нејзините соседи, кои многу добро се однесувале кон неа.

Двојката, Арлин и Бил, сакале да зборуваат со неа преку оградата. Кога првиот пат се запознале, Арлин на Кејтлин ѝ подарила јагоди од својата градина.

Како што поминувале месеците, Кејтлин се зближила со Арлин и Бил. Секој ден ги посетувала, а еден таков ден им тропнала на врата, седнала во нивната дневна соба и ги прашала: „Сакате ли да бидете мои дедо и баба?“

Арлин и Бил биле многу изненадени од прашањето. Всушност, почнале да плачат. Тие немале деца, па мислеле дека никогаш нема да имаат шанса да бидат баба и дедо.

Тогаш Бил добил идеја. Се разбира, не било можно официјално да ја именуваат Кејтлин како нивна внука, но, тој на интернет пронашол образец за посвојување и го испечатил. Тројцата го потпишале, а Бил го врамил на ѕидот од нивната дневна соба, каде останал повеќе од 10 дена.

Цело време Кејтлин била во многу блиски односи со своите баба и дедо. Обожавале да ја слушаат како ѝ оди на училиште, какво хоби има и што сака да работи кога ќе го заврши училиштето. Арлин ѝ помагала на Кејтлин за различни проекти, како што се шиење или сликање, а Бил ја научил да вози автомобил.

На дипломирањето, Кејтлин им кажала дека не знае дали ќе оди на факултет затоа што тоа е многу скапо. Но, Бил и Арлин ја охрабриле да се обиде да се запише, а кога била примена, откриле дека штеделе речиси 10 години само за нејзиниот колеџ.

Но, пред да замине на колеџ, Кејтлин сакала да знае зошто Бил и Арлин никогаш немале деца, а потоа ја открила нивната тајна.

И двајцата потекнувале од проблематични семејства и биле многу сиромашни. Арлин имала проблем со пиењето, а кога се отрезнила и се вратила на вистинскиот пат, за деца било предоцна. 

Кејтлин тогаш заминала на факултет, а Бил и Арлин цело време ѝ помагале.

Во 2013 година, бил ѝ се јавил на Кејтлин за да ѝ каже дека Арлин починала на само два дена пред годишнината од нивното посвојување.

За време на погребот, Бил кажал дека најголемата радост во животот на Арлин било одгледувањето на нивната внука, Кејти.

Кејтлин не знаела дека на Бил и Арлин им значело тоа што можеле да бидат дел од нејзиниот живот. Нивното заедништво пополнувало големи празнини во нивните срца, без разлика што не биле во крвно сродство.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: