Девојчето од видео записите на Сиа, денес е брутално богата тинејџерка!
Meddie Ziegler можеби ви е најпозната од видео записите на популарната Sia, но освен танцот, таа има и други таленти кои и осигураа високо место на листата најбогати тинејџери.
Иако Meddie во Америка била позната уште во 2011 година, благодарение на шоуто „Dance Moms“, кога имала само 11 години, остатокот од светот ја запозна благодарејќи на танцувачкиот перформанс во мега популарниот видео запис на песната „Chandelier“, подоцна и „Elastic Heart“.
Ziegler од тогаш започнува да се појавува во филмови, на телевизија и концерти, а не и се непознати и насловните страни на магазините, како и позирањето за брендовите како што се Capezio, Ralph Lauren и Target. Списанието Time ја вброи во листата на „30 највлијателни тинејџери“ во 2015, 2016 и 2017 година. Meddie беше и судија во шоуто „So You Think You Can Dance“.
Но, доколку мислите дека на нејзините таленти ова е крај, се лажете. Нејзините мемоари од 2017 година, „The Maddie Diaries“, се распродадоа за еден миг. А, нејзиниот следен успех беше во анимираниот филм „Ballerina“ (2016) во кој ја играше Camillea Le Hauta, по што се појави и како Christina Sickleman во играниот филм „The Book of Henry“ (2017).
Денес, таа има 16 години, а на Инстаграм ја следат повеќе од 12 милиони луѓе, од каде што заработува од објавите на социјалните мрежи, а како што пишува Seventeen, таа заработка е само „капка во морето“ останати приходи. Според Romper, Maddie заработила околу 2000 долари за секоја епизода од шоуто „Dance Moms“. Тоа значи дека по 6 – те сезони, таа заработила 400.000 долари. Потоа тука се и нејзините книги. Нејзините мемоари се најпродавани во New York Times, а голем успех доживеале и The Audition и The Callback, првите два романи од нејзината триологија.
Кога сето она што го наведовме ќе го земеме предвид ќе дојдеме до проценка на нето вредноста на некогаш преслаткото девојче од спотовите, а денес една од највлијателните тинејџерки на светот. Maddie моментално „вреди“ околу 5 милиони долари, а има само 16 години! Што да кажеме освен БРАВО!