Девојка направи нова верзија на хитот „Barbie Girl“: Вака би звучела денес од перспектива на девојките

Девојка направи нова верзија на хитот „Barbie Girl“: Вака би звучела денес од перспектива на девојките

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка одлучи да сними нова верзија на песната која ги обележа доцните 90 - ти...

Кога ќе ги слушнеме стиховите „I'm a Barbie girl, in the Barbie world / Life in plastic, it's fantastic“ на сите, без оглед на годините, во уво почнува да ни оѕвонува познатата мелодија - онаа популарната на групата Aqua од 1997 година, која и ден денес по бројот на прегледи ги руши рекордите.


Но, дали некогаш, пеејќи ја оваа заразна мелодија, сте се запрашале за што всушност се пее во песната? Ако не сте, младата музичарка Хана Грај го стори тоа и ја отпеа својата верзија прилагодена на времето и настаните што жените, како и во минатото, сè уште ги доживуваат на дневна основа.

I'm a Barbie Girl

living in a man's world.

They think I'm plastic

it's fantastic.


They think that they can stare,

undress me anywhere.

'It's just romantic,

stop being dramatic'.

Ова се само дел од стиховите кои испраќаат силна порака, поттикнувајќи нè да се запрашаме дали текстовите на хитовите од 90 - тите се толку безопасни како што изгледаат. Можеби работата е во тоа што авторите на оригиналната верзија не размислувале толку длабоко и дека тематиката за положбата на жената во општеството во време на создавањето на песнтата не била толку актуелна и достапна на сите како што е денес. Секако, сметаме дека преработката на Хана е полн погодок, како од музички аспект, така и од идејниот, кој секој ќе го поттикне да подразмисли.


фото: Принтскрин од Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: