Девојка нарачала вечера во ресторан, па се изненадила: Во храната пронашла нешто неочекувано и вредно (ВИДЕО)
Можеме да кажеме дека навистина имала среќа...
Една девојка на ТикТок објави видео кое досега има повеќе од 770.000 прегледи.
За време на вечера во ресторан, Кениа Мак нарачала школки. Но, потоа во својата чинија пронашла нешто што би можело навистина да биде многу вредно.
„Ситен е, ситен, но е бисер“ - се слуша како жената зборува возбудено во својата објава. Останатите корисници на ТикТок во коментари пишуваат дека не можат да поверуваат колку среќа имала таа.
@keniamac @Benjamín Zamora sonido original - KENIA MAC
„Ако ова е навистина вистина, би можела да заработи, бидејќи бисерите се многу скапи“ - ѝ напиша една корисничка.
Бисерот е еден драгоцен камен кој доаѓа од океанот. Најверојатно е еден од најомилениот накит ширум светот, а придружен е со легендата дека им носи среќа на сопствениците.
Вредноста на бисерот зависи од видот, големината, бојата и сјајот. Не знаеме што одлучила оваа девојка да направи со него, но ако одлучила да го продаде, сигурни сме дека заработила нешто.
Па, ако следен пат одите во ресторан и ако имате можност да нарачате школки, кој знае, можеби и на вас ќе ви се посреќи како на оваа ТикТокерка.
фото: Принтскрин / ТикТок