Девојка раскина со своето момче: Како и да е, седум месеци по разделбата, отидоа на заедничко патување
Ок, знаеме дека веројатно ги кревате веѓите во моментов, но девојката има донекаде добар изговор
Сите знаеме горе-долу како оди со неуспешните врски и поранешните партнери. Откако ќе раскинете, не дека ќе се сретнете на кафе и ќе продолжите да се дружите.
Но, една девојка и нејзиното поранешно момче станаа вистински хит на „TikTok“. Имено, седум месеци откако раскинаа, тие заминаа на заедничко патување во Бали, Индонезија, а видеото на кое тиктокерката Мими се покажува себеси и бившиот како одат на патување, собра повеќе од 38 милиони прегледи.
@documentwithmi #tiktoxic #iwantarefund original sound - user6934054176375
Веројатно во моментов ги кревате веѓите и се прашувате зошто овие двајца го прават ова. Па, одговорот е следен: тие го резервираа патувањето минатата година и тоа без можност за рефундирање. Ниту еден не сакаше да му попушти на другиот и затоа и двајцата се најдоа на лет за Индонезија.
@documentwithmi Replying to @Annie original sound - Mimi
На Бали ги пречека вила со само една спална соба, а Мими покажа колку незадоволно изгледа бившиот кога сфатил дека ќе мора да спие на каучот.
Мими подоцна сподели неколку објави од ова прекрасно место, во кои покажа како таа и нејзиното поранешно момче навистина убаво се дружат.
@documentwithmi #balivlog #balitravel #balibelly original sound - Mimi
Кој знае, можеби ова патување повторно ќе ги зближи, па следниот „TikTok' ќе биде за нивната приказна за помирување и обновување на врската. Така барем мислат многу следбеници на Мими, судејќи по коментарите што ги оставија.
Извор: teen385.dnevnik.hr