Девојка си го сошила фустанот за матурската вечер кој е 2 во 1: Направила неверојатна „Пепелашка“ трансформација

Девојка си го сошила фустанот за матурската вечер кој е 2 во 1: Направила неверојатна „Пепелашка“ трансформација

Објавена во: Мода // Must have

Талент!

Матурската сезона започна, а некои веќе успеаја да се истакнат. Една ученичка ги воодушеви сите - и другите ученици од училиштето и остатокот од светот кога го покажа фустанот што сама го изработила.

На матурската вечер сите се во прекрасни свечени фустани, но некои фустани сепак изгледа повеќе привлекуваат погледи. 

Тие се единствени и посебни, а овој е еден од нив. Матурантката сама си го изработила матурскиот фустан и направила спектакл со нејзиното влегување. 

Таа ги импресионираше не само другите луѓе од нејзиното училиште, туку и луѓето на Интернет. Кога влезе во салата носела обичен кафен фустан до колена, ништо посебно. Но, тогаш таа се свртела наоколу и фустанот се претворил во прекрасен син долг свечен фустан достоен за Пепелашка.

@satellite4moon Senior prom #cinderella #transformingdress #sewing #prom23 #seniorprom #senioryear #fyp Originalton -


Таа сама го сошила фустанот и би рекле дека направила феноменална работа. Пепелашка ѝ била инспирација - на почетокот во „партали“, а потоа на балот се појави во син фустан кој го одзема здивот. Очекувано, во коментарите владее ентузијазам бидејќи вакво нешто не се гледа секој ден.

Додека на некои им наликувала на Пепелашка, други ги потсетувала на Кетнис Еведрин од филмот „Игри на гладта“. И таа имаше фустан во едно од продолженијата во кој што се пресоблече кога Кетнис почнала да се врти. Во секој случај, на девојката мора да и се признае дека има талент бидејќи да направиш вакво нешто на 18 години не е мала работа. 

И не е единствената која изработката на матурскиот фустан го земала во свои раце. Секоја година има вирално видео од некоја девојка која сама си направила фустан и истиот изгледал совршено. Освен фустанот, она што особено ја освои е изгледот и насмевката на лицето на девојката со која дојде, се гледа дека е горда и воодушевена. Веројатно никој досега немал ваков влез на матура!



Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: