Девојка со тешка болест испрати јасна и гласна порака до сите оние кои ја исмејуваат
Џуџестата состојба се карактеризира со намалена способност за движење на лактите, зголемен череп, мали прсти и нормална интелигенција
5-годишно девојче има џуџест раст, што ја прави „поинаква од другите“. Сега таа испрати гласна и јасна порака до сите оние кои ја исмеваат поради тоа.
Во светот има многу различни луѓе. Нема двајца исти луѓе, дури ни кога станува збор за близнаци. Сепак, некој кој има карактеристики кои општеството ги смета за „различни“ понекогаш може да му биде тешко да се вклопи.
Наместо луѓето да ја поддржуваат различноста меѓу луѓето, многу од нив стануваат многу непријатни. Нивните постапки и зборови понекогаш болат и секако повеќе кажуваат за нив како личности отколку за вистинските жртви. Рајли е мало девојче родено со џуџест раст.
Таа не дозволува тоа да ја спречи да живее исполнет живот.
Уште од мала, Рајли сакала да танцува. Таа има свој канал на „YouTube“, „Smiles From Rilee“, создаден од нејзината мајка Анџела. На каналот има многу видеа од Рајли како танцува. За да ја промовира свеста за џуџестата состојба, Рајли сними видео за „Shake it Off“ од Тејлор Свифт.
Тејлор и Рајли му кажуваат на светот дека некој секогаш ќе мрази, а некој секогаш ќе глуми, но нема да дозволат тоа да влијае на нив.
Мајката на Рајли, Анџела, сака да ја сподели љубовта и силата на нејзината ќерка со светот. Во објава на „Фејсбук“, таа зборуваше за многуте ситуации во кои на Рајли ѝ суделе врсниците, па дури и нивните родители, кои не ја разбирале нејзината состојба. Анџела сака светот да ја знае нејзината ќерка убава каква што навистина е.
„Благодарна сум на Бога што сум нејзина мајка. Не дозволува нејзината висина да ја спречи да прави ништо. Се надевам дека така ќе остане. Таа е силна, мила, талентирана, паметна, убава и многу повеќе! Да ја познаваш значи да ја сакаш. Таа е совршена! Се надевам дека светот ќе сфати колку е способна. Сакам луѓето да ја почитуваат без разлика на нејзината големина. Можеби е мала, но тоа не е важно со оглед на нејзините способности“.
Извор: www.novizivot.net