Девојката е обвинета за токсична женственост: Одела на состаноци само за да заштеди на храна (ВИДЕО)
Таа не сакала ништо сериозно со момчињата, само ги искористивала за да добие бесплатен оброк...
Вивијан Ту на социјалните мрежи е позната и како „yourRichBFF“. На социјалните мрежи како Инстаграм или ТикТок (каде што ја следат повеќе од 23 милиони луѓе), таа ги споделува своите размислувања и совети за заштеда и инвестирање пари.
Но, како стана толку популарна? За популарноста е виновно објавувањето на едно многу контроверзно видео и признание. Сè започна во 2021 година кога се пофали дека оди на шест состаноци неделно за да избегне да плаќа за храна.
„Помеѓу 2016 и 2018 година, ниту еднаш не купив намирници. Најверојатно заштедив 150 долари неделно“ - напиша таа во објавата.
@yourrichbff Between 2016-2018 I didnt buy groceries once. Probably saved about $150 a week. #money #lifehack #finance #dating #nyc jealous girl lana del rey - h.
Во меѓувреме, бројот на нејзините следбеници растеше и Вивијан стана популарна, но оваа поранешна трговка од Вол Стрит сѐ уште е критикувана поради нејзиното контроверзно видео и навистина лошо однесување кон момчињата.
Иако после тоа видео сними уште многу други во кои зборува за практични финансиски трикови, сепак многумина ѝ замеруваат и тврдат дека се прославила со видео кое пропагира „неетичка стратегија“ и „токсична и отровна женственост“:
Во интервју за Elite Daily, таа изјави дека за потребите на видеото го преувеличувала бројот на состаноци неделно. Но, призна и дека иако во тоа време заработувала 95.000 долари годишно, нејзините трошоци за живот биле многу високи.
„Можев бесплатно да одам во ресторан или да ги потрошам сопствените пари на намирници во маркет кои сепак ќе морам да ги зготвам и веројатно никогаш нема да бидат толку добри“ - се обиде да се оправда Вивијан во интервјуто.
Парите што ги заштедила, признала, ги вложила во работи како црна чанта Прада која ја заменила нејзината истрошена чанта Longchamp. Сега таа призна дека тоа сепак не е во ред.
„Според мене, намерното излегување на состаноци за бесплатен оброк не беше добра идеја. Сега излегувам да најдам љубов“ - заклучила Вивијан.
фото: Принтскрин / ТикТок