Девојката го оставила затоа што бил сиромашен: После 10 години случајно се сретнале... Ја дочекало ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ!
Ова е приказна за сиромашен млад човек кој бил заљубен во богата жена.
Еден ден, еден сиромашен млад човек ја запросил богатата девојка, а таа му одговорила: „Твојата месечна плата е еднаква на моите дневни трошоци, па како очекуваш да се согласам да се омажам за тебе“.
Иако бил повреден од нејзините груби зборови, младиот човек не можел лесно да ја заборави. Тој сè уште ја сакал. Десет години подоцна, случајно се сретнале во трговски центар.
„Еј, ти!“ извика таа. "Како си? Сега сум мажена и дали знаеш колкава е платата на мојот сопруг? 15.000 долари месечно, можеш ли да го замислиш тоа? И покрај сето тоа, мојот сопруг е многу паметен“.
Мажот бил тажен и едвај ги задржал солзите слушајќи ги грубите зборови на жената што некогаш ја сакал. Набрзо им се приближил нејзиниот сопруг. „Здраво шефе, тука си! И гледам дека си ја запознал мојата сопруга“.
Потоа се свртел кон жената: „Мила, ова е мојот шеф кој води бизнис вреден 100 милиони долари. И замисли, успеал да се збогати од инает за жена. Слушнав дека многу ја сакал а таа го повредила. Замисли каков убав живот би имала таа жена да не го напуштила“.
Жената останала без зборови, била шокирана.
Од оваа приказна треба да научиме дека никого не треба да гледаме со презир. Оти кои сме ние да судиме дали сме подобри од другите. Парите не се мерило за среќата и не се критериумот според кој некого треба да цениме.