Девојката на Веља Невоља беше сведок: Работите кои полицијата ги најде кај неа се со вознемирувачка содржина
По падот на Беливук и неговиот криминален клад, осомничека е М. Р., која била шест години девојка на Беливук и се согласила на соработка со истражителите...
Како дел од акцијата на полицијата, обвинителството и БИА, во која беше растурен најсилниот криминален клан во Србија, уапсена е и М.Р., кој бил во љубовна врска со организаторот на групата Вељко Беливук! Против неа е поднесена кривична пријава и таа е осомничена дека е член на групата Беливук, која е осомничена за киднапирања, брутално убиство, трговија со дрога, поседување арсенал оружје, како и перење пари.
„М.Р. има статус на осомничен и е под истрага. Од неа полицијата запленила пет телефони, лаптопи и истите биле испратени на вештачење. Се сомнева дека не учествувала во ликвидациите, но дека имала улога во прикривање на паричните текови и перењето пари“ - вели извор близок до истрагата.
Тој открива дека еден од петте телефони што бил пронајден бил криптиран, за тајна комуникација:
„Истражителите беа шокирани кога влегоа во нејзините телефони. Во нив биле пронајдени грозни снимки и фотографии, од кои неколку покажуваат мртви и осакатени лица чие убиство се сомнева дека го извршила криминалната група на Беливук. Освен доказите за злосторството, во нејзините телефони се пронајдени и други важни докази, како и пораките што ги разменувала со Вељко Беливук.“
Според него, М.Р. била вработена во позната белградска компанија и била изненадена од апсењето. Полицијата, како што додава, детално го пребарувала нејзиниот изнајмен стан во луксузен комплекс во Нов Белград.
„М.Р и Белилук наводно се запознале пред шест години и биле во врска додека тој бил во притвор за убиството на Властимир Милошевиќ, за што судот го ослободи. Поминуваа многу време заедно и таа беше запознаена со сѐ што прави, каде се движи и со кого се гледа, таа била во бункерот на стадионот „Партизан“, но и на други места каде што се гледале“ - открива изворот и наведува дека строго ги воделе сметка да не ја напуштаат земјата заедно, за да не бидат регистрирани.
„Таа веднаш се согласи да соработува со истражителите. Таа призна каква врска имала со Беливук и покажа подготвеност да разговара за сè што знае. Таа дури ги дала и кодовите за четири телефони, но не и за петтиот“ - открива извор од истрагата.
Според него, не е исклучена можноста таа да добие привилегиран статус.