Девојките почнаа да тријат алуминиумска фолија на косата: Овој трик помага при проблемот кој многумина од нас го имаат (ВИДЕО)
Изгледа дека отсекогаш често ќе носиме парче алуминиумска фолија во чантите...
Нов ден, нов трик од ТикТок кој ќе ни го олесни животот. Овој пат станува збор за трик кој ќе ти помогне со проблематичната и непослушна коса. Единствената работа која ти е потребна е алуминиумска фолија.
Никогаш не би ни паднало на памет дека ќе триеме алуминиумска фолија на косата, но ова навистина помага. Ако и ти имаш денови кога косата ти е наелектризирана и неколку влакна постојано ти се на сите страни и никако не можеш да ги смириш, тогаш овој трик е за тебе. Некогаш сакаме косата да ни изгледа убаво, а кога не сака да соработува и постојано се издвојуваат неколку разлетани влакна, тогаш во тие денови треба да земеме алуминиумска фолија во рацете. Не треба да се прави ништо лудо, ниту чудно. Само да се скине парче и да со него да помине по косата.
@laurentpreble Reply to @beachgirl364 ARE YOU KIDDING ME!!!! THANK YOU SO MUCH #tinfoil #statichair #HairHack #holycrap Love You So - The King Khan & BBQ Show
Ниту оваа девојка не знаела за тоа додека не ѝ кажал еден од нејзините следбеници и затоа решила да тестира дали тоа навистина е вистина. Самата не можела да поверува колку добро и брзо ја „смирила“ косата само со алуминиумска фолија.
фото: Принтскрин / ТикТок