Девојките тагуваат: Шон Мендес ја промени фризурата и новата не им се допадна на обожавателите (ФОТО)
Зошто Шон, зошто?
Нема причина да се менува нешто што е добро. Шон Мендес веќе со години има иста фризура и не знаеме дали му здодеала или која е точната причина, но сега ја промени. Девојките веќе со денови тагуваат поради неговата коса.
Со години, Шон има иста фризура, долга коса и природни локни во кафена боја кафена боја. Со оглед на тоа што е пејач, не мора како глумец никогаш поради улогите да го менува својот изглед. На никој не му е јасно што му текнало сега за да ја промени фризурата, која веќе стана негов заштитен знак. Можеби после толку долго време му здодеало да секогаш да ја носи истата фризура, а можеби и се водел по онаа изрека „нова година, нов јас“, па започнал со промената на косата. Девојките беа луди по него и неговата прекрасна коса, а кога го видоа со новата фризура, како да се оладија. Тагата ја има во сите коментари.
Како изгледа сега, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм