Дикси во новото видео со ново момче: Нејзиниот поранешен објави песна за неа
Веќе некое време се зборува дека тие двајца се заедно...
Турбулентно е овие денови во животот на Дикси Ди Амелио. Таа и нејзиното наводно момче Ноа Бек, се ѕвезди на новата верзија на видеото за синглот „Be Happy“.
Веќе некое време се зборува дека тие двајца се заедно, а тоа делумно го потврдија со бакнежот во видеото. Сепак, Дикси вели дека и било непријатно да снимаат заедно.
„Тој направи целата работа да биде непријатна. Мислам дека на двајцата ни беше непријатно, но полесно ми беше да снимам со него отколку со некој друг“ - рече таа низ насмевка, додека Ноа додаде дека нему воопшто не му било непријатно.
„Од друга страна, моите родители гледаа од другата просторија и тука имаше уште многу луѓе... затоа беше чудно“ - додаде таа.
Случајно или намерно, поранешното момче на Дикси, Грифин Џонсон ја објави песната во која пее за разделбата со ТикТокерката.
„Нема да кажам извини, ти не ме сакаше, не сакам да те освојам повторно“ - пее тој во песната.
Неговиот сингл слушнете го во продолжение: