Disney принцезите како модерни девојки
Disney принцезите се познати како добри девојки со одлични манири и добро воспитани. Но, бидејќи повеќето од нив се тинејџерки, тешко е да се замисли дека никогаш не сакале да ја пуштат косата, да облечат куси панталони и да се забавуваат.
Неодамна порталот Bright
Side, ги сподели делата на тројца уметници кои се обидоа да ги раскажат приказните за Disney принцезите на малку поинаков начин. Омилените принцези се модерни, урбани и многу поразлични.
10. Јасмин
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. artИ покрај луксузниот начин на живот, Јасмин никогаш не била разгалена, татина принцеза, напротив секогаш била расположена за авантура. Во оваа модерна приказна Јасмин е прикажана како девојка која живее во стан со панорамски поглед. Таа е R&B ѕвезда и обожавателка на кошарка.
9. Пепелашка
© Walt Disney Animation Studios © Evvi ArtСè додека не го сретна принцот од бајките Пепелашка беше најскромна и најмирна од сите Disney принцези. Пепелашка гледана преку очите на овој уметник е прикажана како гламурозна позната личност.
8. Рапанзел
© Walt Disney Animation Studios © Disney Hardcore/tumblr
Откако сиот нејзин живот беше затворена во кула, по бегството не е ни чудо што во модерниот свет таа ја менува бојата на коста и става неколку тетоважи на себе.
7. Ариел
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. art
Иако Ариел постојано го кажувала своето мислење и секогаш била подготвена да се бори за своите цели, таа исто така знае како да се релаксира и да ужива. И покрај тоа што е ќерка на кралот Тритон, живеењето луксузен живот никогаш не бил нејзинин главен приоритет. Кога ќе стане дел од човечкиот свет, Ариел ќе биде девојка со која дефинитивно би сакала да се дружиш, да играш Xbox и да јадеш пица во петокот вечер.
6. Бел
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. art
Бел е внимателна принцеза, која е подготвена да се жртвува себеси во замена за животот на нејзиниот татко. Меѓутоа, нејзината страст за читање ѝ дава репутација на чудна девојка, особено меѓу селаните. Може да се обложиме дека никој не би ја нарекол Бела чудна, особено по нејзината трансформација во тваква неверојатно „лоша‟ девојка!
5. Тиана
© Walt Disney Animation Studios © Disney Hardcore/tumblr
Тијана отсекогаш работела напорно за да ги исполни нејзините соништа. Но, можеби е време да се одмори и да почне да се забавува? Шарените тетоважи и светлата шминка се самоза неа почеток!
4. Снежана
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. art
Снежана секогаш изгледала добро и се грижела за нејзините обожаватели. Со објавувањето фотографии и селфиња на Instagram бројот на обожаватели од само 7 џуџиња го зголеми на милиони.
3. Покахонтас
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. art
Покахонтас е бунтовник и подготвена е да се бори за нејзината среќа и вистинската љубов. Со современата технологија, таа нема да има проблем во комуникацијата со Џон Смит и ќе може да создава нови пријатели со само со еден клик, додека ужива јадејќи макарунс и пиејќи капучино од „Старбакс".
2. Елса
© Walt Disney Animation Studios © Disney Hardcore/tumblr
Иако Елса изгледа како совршено добра девојка, таа дефинитивно има дива страна. Тетоважите, јаката шминка и кул маичката сигурно нема да останат незабележани и ќе ја направат најтренди девојка во кралството.
1. Моана
© Walt Disney Animation Studios © Nata St. art
Моана отсекогаш била премногу зрела за нејзината возраст и подготвена да дознае „колку далеку може да оди". Таа како тинејџерка во современиот свет, исто така, би сакала да ги испита нејзините можности и да се побуни против правилата и стереотипите со помош на нејзината сосема неочекувана модна трансформација.