DIY: Направи чоколадни мафини и воодушеви ги твоите пријатели и семејство!
Мафините се наједноставните чоколадни колачиња кои можеш да ги направиш, а идеални се за секоја прилика – родендени и прослави, а можете и да ги јадете за доручек или ужинка.
За подготовка на овие вкусни мафини потребно ти е оприка полови час, а сигурни сме дека и твоето семејство и пријатели ќе бидат пријатно изненадени од твоите способности.
Постапката за подготвка е многу едноставна. Изматете едно јајце и додајте 175 гр. шеќер и ванилин шеќер. Во веќе изматената смеса додадете 90 мл масло и 250 мл млеко. Кога ќе ги соединиш сите состојки додај 250 гр брашно, 3 лажички какао и прашок за пециво. Во смесата додајте претходно исецкано чоколадо или овошје по желба. Смесата истури ја во калапи и печи ги 20 минути во рерна која е претходно загреана на 200 степени.
Чоколадните мафини можеш да ги сервирате топли со топка сладолед, а и оладени ќе бидат исто толку вкусни.