DIY: Сами направете си ги прочуените американски палачинки!
Доколку си љубител на палачинки, сигурно ги имаш пробано сите варијанти на теста, но и филови. Но, дали досега ги имаш пробано прочуените американски палачинки.
Во американските филмови често гледаме дека за појадок се посложуваат оние мали, дебели, меки палачинки, кои најчесто се прелеваат со чоколадо, јаворов сируп или пак мед. Доколку сакате да ги пробате, ова е вистинското време за тоа.
Ова се потребните состојки за овој едноставен рецепт: 135 гр. брашно, 1 лажица прашок за пециво, 2 лажици шеќер, 123 мл. млеко, 1 поголемо јајце, 2 лажички стопен путер или маслиново масло и малку сол.
Начин на подготовка: измешајте го брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот во поголем сад. Во друг сад изматете го јајцето, а потоа додајте го млекото и растопениот путер/маслиново масло. Смесата измешајте ја со брашното и останатите состојки и мешајте додека состојките не се соединат. Загрејте ја тавата и премачкајте ја со путер. Со црпалка ситепе од смесата во тавата и испечете ги палачинките на стандарден начин.
За сервирање палачинките наредете ги една врз друга, а можете да ги послужите со мед, јаворов сируп, растопено чоколадо или пак топка сладолед.