Дизни принцезите на забава: ТикТокерка нивните фустани од бајките ги претворила во модерни комбинации
Која комбинација ти е најдрага?
Доколку би постоеле Пепелашка или Снежана, како би изгледале за саботната забава? Сигурно немаш идеја! Затоа е тука оваа ТикТокерка која ги освои луѓето со своите симпатични видеа во кои се забавува со облека. Овие во кои ги има рекреирано комбинациите на Дизни принцезите за само неколку дена собра неколку милиони прегледи. Кога ќе ги погледнеш, ќе ти стане и јасно зошто тоа е така. Кенеди навистина се има многу потрудено. Ги земала предвид комбинациите кои ги носат во цртаните и ги модернизирала.
@c4tluvr666 which one u wearin?
Harness Your Hopes - B-side - Pavement
Во првото видео ги споила Елза од „Леденото Кралство“, Пепелашка, Златокоса и Аурора од приказната за „Тргнорушка“. Видеото ги надмина и сите нејзини очекувања, а во коментари луѓето барале уште.
@c4tluvr666 wig collection came in handy<3
Harness Your Hopes - B-side - Pavement
Со помош на облека и перики, се трансформира во секој Дизни принцеза на која ќе се сети, а сигурни сме дека ќе има уште вакви видеа.